Година XV, број 91, Октомври 2008

 

ЗДРАВСТВЕН ГЛАСНИК

   


ИНТЕРВЈУ   ЕКСКЛУЗИВНО

ЗОРАН ИЛИОСКИ ДИРЕКТОР на „Водовод“ – Битола

МАЛА ХИДРОЕЛЕКТРАНА ВО ДОВЛЕЏИК

       - 80-годишниот јубилеј е можност да се сетиме на почетоците на водоснабдувањето на Битола и да се споменат сите кои дале свој придонес во неговиот развој. Со таква цел, за денот на водите беше организирана изложба на слики и видео презентација од развојот на претпријатието, од раните почетоци до денес...понатаму


ПОВОДИ

ОдбелеЖан Денот на рударите во РЕК – Битола

СИТЕ СИЛИ ЌЕ ГИ НАСОЧИМЕ КОН ШТО ПОБРЗО ОТВОРАЊЕ НА РУДНИКОТ БРОД – ГНЕОТИНО

       Во рудникот Суводол, во присуство на генералниот директор на ЕЛЕМ, членови на УО на компанијата и менаџерскиот тим на РЕК – Битола, на скромна свечаност беше одбележан Денот на рударите – Успение на Пресвета Богородица...понатаму


АКТУЕЛНО

Бројни зафати во Здравствениот дом – Прилеп

МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ И УПРАВНИОТ ОДБОР ГО ПРЕРОДИЈА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ

       Само за година и пол преполовени се долговите, реновирана е поранешната амбуланта на Тутунскиот комбинат, вложени се околу 10.000 евра сопствени средства, променета е електричната инсталација стара еден век во зградата на Итна помош, обновени се возниот парк и котларницата, извршено е и хортикултурно уредување на дворот – ни рекоа во разговорот првите луѓе на Здравствениот дом д-р Иван Танески и м-р Зоран Јовески....понатаму


СРЕДБИ

Наталија Ацеска професор

ПЛАНОВИТЕ СЕ СОНОВ НА МУДРИТЕ

      Цели три години моето училиште го носи приматот за најдобро во државата. Како резултат на тоа, во ноември 2007 година, од страна на координаторот на Глобе при Министерството за животна средина и просторно планирање бев номинирана за најактивен наставник во Македонија и бев предложена да ја поминам обуката за интернационален Глобе наставник. Тој тренинг се случи во Дубровник, каде што заедно со уште 40 други наставници од цел свет добивме обука испо­ра­чана од професори од Колорадо универзитетот и од НАСА...понатаму


РЕПОРТАЖА

Радован Соколовски – Муцето мајстор сакан од сите муШтерии

СЕДИ, МУЦЕ, ЌЕ БИДЕ НАПРАВЕНО

       Врвен механичар, дреар, мајстор кој одржува ма­шин­ски погони, возач, „спе­цијалист“ за ремонти на трактори и комбајни, ловџија – тоа е, накусо, профилот на Радован Соколовски, во Битола поз­нат како Раде Муцето. „Седи, муце, се ќе бидеш услужен“, ќе рече Раде кој сите го знаат по прекарот „Муцето“. Никој досега не е вратен од механичарската работилница на Раде Муцето. Нема дефект што тој не умее да го отклони. Затоа вели: „Седи, муце, ќе биде направено“...понатаму


КУЛТУРА

ФЕЉТОН

ЗАБОРАВЕНИОТ ГРОБ НА ИМПЕРАТОРОТ ПЕРСЕЈ

       - Крајот на мај 2005 година ќе остане во моето сеќавање и, се разбира, во сеќа­вањето на сите што ја сочинуваа делегацијата која отиде на гробот на последниот Крал на Античка Македонија – Персеј. Нашите домаќини – организаторите на Поетската средба на Европа што се одржува во Червара ди Рома, посетата на гробот на Персеј го ставија и во официјалната програма, во наша чест, секако...понатаму