|
|
|
ЗОРАН СТОЈКОСКИ – ПРОФЕСОР ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК
НАШИТЕ ИМИЊА СЕ ЕВИДЕНТИРАНИ ВО СПИСОЦИТЕ НА НАТО И ЦИОР
● Пред Центарот за
обука којшто се наоѓа во близина на Софија, на Јарболот помеѓу другите се вееше
и македонското знаме. Нашите имиња се евидентирани во списоците на НАТО и ЦИОР.
Но за мене неизбришани траги ќе останат дружењата со учесниците на
Јазичната академија. Ова беше
убава
можност за оние офицери кои ги познаваат добро англискиот и францускиот јазик да
се усовршат до едно повисоко ниво со оглед на тоа што предавачите беа
Англичани, Канаѓани и Американци – ни рече Зоран Стојкоски, професор.
Во Софија се одржа 62 Летен конгрес на организацијата на резервни офицери, обука по одредени родови, поголем број спортски активности со цел да се утврди физичката спремност на резервните офицери, и онаму каде што и јас бев од 24.07. до 6.08.2009 е “Јазична академија“ за резервни офицери.
► Летоска учествувате во работата на “Јазичната академија за резервни
офицери“. Како беше направен изборот и колку резервни офицери од Репуплика
Македонија учествуваа на Јазичната академија?
- Од Република Македонија учествувавме 5 офицери, а изборот е по предлог на Републичката организација на резервни офицери. Имено, јас сум член во новиот состав на Републичката конференција на резервни офицери на РМ од 2008 до 2012 година, а во исто време сум член на Комисијата за меѓународни односи.
► Што значи вашето присуство на овој собир за државата и посебно за вас лично?
- Пред Центарот за обука којшто се наоѓа во близина на Софија, на Јарболот помеѓу другите се вееше и македонското знаме. Нашите имиња се евидентирани во списоците на НАТО и ЦИОР. Но за мене неизбришани траги ќе останат дружењата со учесниците на Јазичната академија. Ова беше убава можност за оние офицери кои ги познаваат добро англискиот и францускиот јазик да се усовршат до едно повисоко ниво со оглед на тоа што предавачите беа Англичани, Канаѓани ји Американци – ни рече Зоран Стојкоски професор.
► Што после оваа обука?
- Најверојатно и наредната година во летниот период ќе учествувам во Јазичната академија што ќе се одржи во Република Чешка, со оглед на тоа што ова беше мое прво присуство.
Особено интересно за мене е запознавањето и пријателството што го стекнав во Софија со Американец од Пансилванија, кој предава во својата земја германски јазик.