Година XVI, број 98, Декември 2009

 

ГОСТИН


ПОРТРЕТИ           ЈОВЕ МАГДЕСКИ


СЕМЕЈСТВО СО КОРЕНИ ПУШТЕНИ ДЛАБОКО ВО “ПОБЕДА“


      Но и покрај тоа нико­гаш не сум сакал да би­дам разгален фудбалер или тренер. Сите ме поз­наваат како голем другар, човек, искрен пријател. Имам широка комуникација со луѓето и сум горд на тоа што сум почитуван. Почитувањето е најголемото признание. Ние сме семејство со корени пуштени дла­бо­ко во “Победа“ – вели фудбалскиот ас Јове Маг­дески


      Јове Магдески, познатата “осумка“ на прилепска “По­беда“, се вбројува во најдобрите фудбалери што ги дал градот под Марковите Кули. Одиграл над 300 првенствени натпревари за “Победа“, за младинската и олимписката фудбалска репре­зентација од поранешна Југославија и постигнал над 250 го­лови. Гледачите се уште се се­ќаваат на ефектните голови што ги постигна со “но­жи­ци“. Неговите долги фел­ширани топки и слободните удари од 18 - 25 метри и денес претставуваат реткост на фудбалските арени. Но и покрај тоа, селекторот Анте Младиниќ го изостави од составот на репупликите и покраините, со што, беше запе­чатена неговата успешна фудбалска кариера. Да не беше разгалено “дете“ на “Победа“, кој знае каде ќе беше крајот на неговите севкупни постигања.

 

ИДЕАЛЕН СОСТАВ

 

      Во својата 15 - годишна играч­ка кариера, Магдески имаше 48 настапи за младинската, “Б“ и олимписката репрезентација на Југославија. Најголем успех до­живеа со олимписката репрезентација на Југославија освојувајќи го првото место на Балканот.

      Во освојувањето на првото место на Балканот меѓу другите, учествуваа: Симовиќ, Љуковчан, Банковиќ, Томиќ, Грбовиќ, Пердув, Ќосиќ и други – ни рече легендата на прилепска “Победа“ Јове Маг­дески.

      ► Кој, според Вас, е идеал­ниот тим на “Победа“?

      - Идеалниот тим на “Победа“, според мене, го чинат: Истатов, Мечев, Дрвошанов, Конески, Николоски, Арсов, Манески, Маг­дески, Глигороски, Ѓорѓиоски и Митрев.


      Со тек на време активното играње го заменив со тренерската професија. Бев тренер на младинската екипа на “Победа“, 5 години бев Шеф на Стручниот штаб.


      ► Каде е прилепскиот “тобџија“ Ристо Глигороски?

      - Ристо Глигороски живее во Охрид, работи во “ЕМО“. Последен пат се видовме на Коледе, со нас беше и Мечев. Со Мечев и Глигороски почесто се слушаме и дру­жиме. Тие беа и останаа легенди на македонскиот фудбал, за нив не е се напишано.

      ► Зошто се имаше впечаток дека сте разгален фудбалер?

      - Татко ми беше Киро Магдески, поранешен директор на Конфекцијата “Солидност“ и Трговската организација “Центропромет“. Бев добро ситуиран и не бев заинтересиран “да направам пари“. Живеејќи послободно од моите другари, честопати не се придржуваа на построгите спорт­ски правила. Спортот сакав да го доживувам како слобода и убавина, а не како вид ропство. Со тек на време активното играње го заменив со тренерската професија. Бев тренер на младинската екипа на “Победа“, 5 години бев Шеф на Стручниот штаб. Заедно со Николоски и Крстески направивме реконструкција на Младинската школа на “Победа“, форми­равме екипа од 32 младинци. “Победа“ беше нај­млада екипа со просечна старост од 21 година. Но и покрај тоа никогаш не сум сакал да бидам разгален фудбалер или тренер. Сите ме познаваат како голем другар, човек, искрен пријател. Имам широка комуникација со луѓето и сум горд на тоа што сум почитуван. Почитувањето е најголемото признание. Ние сме семејство со корени пуштени длабоко во “Победа“ – вели фудбалскиот ас Јове Магдески.

СЕМЕЈСТВО МАГДЕСКИ

 

       Цене, Ирена и Дарко се членови на семејството Магдески. Кажано со спортски жаргон – тоа е “екипата“ што ја предводи легендарната “осумка“, десната полутка на “Победа“, прилепскит фудбалски тобџија Јове Магдески. Но, од оваа временска дистанца, се поставува прашањето коку сопругата на Магдески Цене и неговите деца Ирена и Дарко се сеќаваат на Јове кога тој беше во зенитот на славата, кога палеше и жареше на фудбалските мегдани во пора­нешна Југославија?

      - Кога Јове беше на врвот на славата, признавам дека јас не бев доволно инфор­мирана ни за фудбалот, ни за Победа. Јове секогаш го гледав како дечко, а не како популарна личност за која зборува градот. Дури подоцна сфатив дека тој е Фудбалска “марка“. Можеби е срамота, но јас не се срамам да признам дека во тој поглед доста задоцнив – ни рече при неодам­неш­на­та средба сопругата на Јове, Цене Магдеска. Ирена е вработена во “Алфа банка“, а Дарко

      Цене, Ирена и Дарко се членови на семејството Магдески. Кажано со спортски жаргон – тоа е “екипата“ што ја предводи легендарната “осумка“. Најверојатно наскоро сите објавени текстови кје бидат поместени во засебен албум кој ќе биде насловен “Прилепската осумка“.

штотуку дипломира на Економ­ски­от факултет во Прилеп. Среќни се и горди на нивните родители. За нивниот татко се информи­рале од мноштвото напишани и објавени текстови во поранешна Југославија.

      - Не поттикнувате да ги собереме сите објавени текстови и да ги поместиме во посебен албум што ќе го насловиме “Прилепската осумка“. Ќе го чуваме како реликвија на нашето семејство – ни рекоа братот Дарко и сестрата Ирена.

 

ДИНАМО, ХАЈДУК, НАНТ, ПАОК

 

      ► За која екипа своевремено можевте да играте?

      - Не знам дали можев да играм, но интерес за мене пока­жале “Динамо“ – Загреб, “Хајдук“ – Сплит, “Нант“ – Франција, “Паок“ – Атина и други. Искрено не бев заинтересиран за “Вардар“. Ако одев во “Вардар“ повеќе немаше да се вратам во Прилеп, без Прилеп не можев ни тогаш, ни сега не можам.


      Имам две деца – Дарко и Ирена. Дарко е дипломиран еко­но­мист на отсе­кот меѓуна­род­на еко­но­мија, а Ирена е дипломиран економист по мар­кетинг и ме­на­џмент. Јас, со­пругата, Дарко и Ирена сме семејство со корени, пуштени дла­бо­ко во “Победа“.


      ► Ќе го замени ли некој Јове Магдески?

      - Имам две деца – Дарко и Ирена. Дарко е дипломиран економист на отсекот меѓународна економија, а Ирена е дипломиран економист по маркетинг и менаџмент. Дарко настапуваше во младинските погони на “Победа“, но никогаш не го прашав зошто престана да тренира. Тренерите Ѓорѓиоски и Николоски ми велеа дека тој ќе биде моја замена, но Дарко не отиде понатаму. Сепак, јас, сопругата, Дарко и Ирена сме семејство со корени, пуштени длабоко во “Победа“ – ни рече при неодамнешната средба пора­не­ш­ниот прилепски ас Јове Маг­дески.

Атанас ТАСЕВСКИ