|
|
|
ОБЈЕКТИВ
![]() |
|
|
| НОВА ГРАДБА |
|
На почетокот на септември (03.09. 2009), на улица Републиканска во Прилеп, веднаш до црквата Св.Благовештение (поранешен Црвен крст) почна да никнува нов станбен објект. Зад новата зграда стојат здружени изведувачи, а изведбата ќе ја врши еминентната градежна фирма “Златна рака“. Се најавува дека зградата ќе биде готова до мај 2010 година. Изведувачите за сопствениците на становите обезбедија паркинг простор и подруми. Станува збор за ексклузивни станови, со парно греење, соларни системи, пвц дограма, топол под, се што му е потребно на едно современо семејство. |
![]() |
|
|
| КРШЕЊЕ НА ПОГАЧА ЗА БЕРИКЕТ |
|
Здружените изведувачи (Диме, Илчо, Васко) ја скршија погачата, и се поклонија и ја бакнаа за брзо и лесно да порасне објектот, а сите кои ќе живеат во него да ги следи среќа и бериќет. |
![]() |
|
|
| СТАРИ И НОВИ ГАЗДИ |
|
Илија Сапунџиоски, со неговата сопруга и пријателите дојде да види како на местото на неговата стара куќа сега ќе никни нова современа зграда. Диме, Илчо и Васко со фрлањето на првите лопати цемент го означија почетокот на новата четирикатница во срцето на Прилеп. |
![]() |
|
|
| ОСУМ НОВИ СТАНОВИ |
|
Новата зграда е на четири ката и во неа има вкупно осум станови. По големина има два вида на станови едните се од 64 m2, а другите од 96 м2. Досега се продадени една третина од становите, за информации за останатите станови заинтересираните можат да се јават на 070/075 308 396. |
![]() |
|
|
| ГОСТИ ЗА АИРЛИЈА |
|
Пријатели, партнери, потенцијални станари во зградата, присуствуваа на чинот на ставање на камен темелникот. Присутните поскауваа успех и уште многу нови градби, а поповите го благословија објектот ги благословија тие што ќе го градат и тие што ќе живеат во него. Пред мајсторите на “Златна рака“ останува предизвикот навреме да се изгради новата зграда. |
![]() |
![]() |
![]() |