Година XVI, број 98, Декември 2009

ДРУГО



ФУДБАЛ


ВЕСНА СПИРКОСКА МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛСКИ СУДИЈА


САКАМ ДА СУДАМ ВО ЕЛИТНАТА ШВАЈЦАРСКА ЛИГА


      Поради обврските на Дарко, кој брани за швајцарскиот второлигаш “Шафхаузен“ извесно време двајцата сме во Швајцарија. Во сезоната што претстои во Швајцарија ќе судам во елитната група во фудбал за жени – ни рече Спиркоска.


      Нашиот град е достојно пре­зентиран од спортисти и спортски работници не само во нашата земја туку и надвор од нашите граници. Една од нив е Весна Спиркоска, сестран спор­тист (атлетика, џудо и фудбал), меѓуна­роден фудбалски судија која моментно со некогашниот голман на прилепска “Победа“, Дарко Тофилоски, е во убавиот швајцарски град Шафхаузен.

      Пред извесно време шармантната и секогаш ведро расположена за разговор, Весна, ја затекнавме во својот роден град и ја замоливме за разговор.

      - Поради обврските на Дарко, кој брани за швајцарскиот второлигаш “Шафхаузен“ извесно време двајцата сме во Швајцарија. Во сезоната што претстои во Швајцарија ќе судам во елитната група во фуд­бал за жени – ни рече Спиркоска.

      ► Од каде се роди љубовта за делење на фудбалската правда?

      - Познато е дека неколку нат­пре­варувачи сезони со успех го чував голот на ЖФК “Победа“, која секогаш беше помеѓу 4-те најдобри екипи во нашата земја. Па така, од натпревар во натпревар, самата заклучив дека можам да ја делам фудбалската правда.

      ► Кога започнавте да судите?

      - На седумнаесет годишна воз­раст во Општинската лига (мажи) и во помладите категории (пионери, кадети и младинци)

      ► Кога дебитиравте во повисок ранг?

      - По само една сезона дебитирав во повисок ранг, трета лига помеѓу екипите на “Тиквеш“ и “Росоман“. Потоа, имам судено финале на Куп во женска конкуренција помеѓу екипите на Шкипоњат и Шкипоњат – Дардаре. Мечот завр­ши со 2:0. Круна на се беше дербито како аут трептер (асистент) на прволигашкиот натпревар помеѓу екипите на “Пелистер“ и “Брегалница“ (2:1).

      Весна Спиркоска од ноември 2008 година има добиено УЕФА лиценца за асистент на женски натпревари. На прашањето какво е чувството кога дели правда на машки фудбал, Весна вели:

      - Ништо посебно. Кај мене нема предрасуди дали се работи за машки или женски натпревар. Ден пред секој меч се подготвувам психички и физички, а потоа, на теренот, ја делам правдата.

      Најголем доказ дека судењето на Весна и претставува лесна работа е дипломирањето на Педа­гош­киот факултет во Битола, група предшколска возраст, а моментно посетува курс по германски јазик.

      Кои се твоите амбиции?

      - Да почнам да судам во елитната лига на Швајцарија и со тек на време да судам меѓународни натпревари во машка и во женска конкуренција.

Р. Ј.


 

 



СТОМАТОЛОГИЈА


Д-Р ДАФИНА БОГОЕСКА СТОМАТОЛОГ


МЛАДИТЕ СТОМАТОЛОЗИ ГИ СЛЕДАТ НОВИТЕ ТРЕНДОВИ


      Дафина е млад и надежен дипломиран стоматолог кој неодамна отвори своја приватна стоматолошка ординација Делфи Дент. Ординацијата Делфи Дент е лоцирана во Здравствен дом – Прилеп на 3-ти кат соба број 64.


      Не е лесно во ова пребирливо време со голема конкуренција да опстојуваш како професионалец, но сепак квалитетната работа е секогаш забележана и се издвојува над другите. Според ова, за тој квалитетно што работи, секогаш ќе има работа. Јас се трудев да направам убава стоматолошка амбуланта со квалитетна опрема и материјали, и мислам дака успеав во тоа, а верувам дека и пациентите се задоволни од нашите услуги – ни рече при неодам­нешната средба стоматологот Дафина Богеска.

      Многумина Дафина Богеска ја позна­ваат како спортист. Повеќе од 8 години тренираше џудо, а не помалку имаше успех и како пливачка.Учествуваше на малиот маратон во Охрид од 2.5 км. на релацијата од хотел Парк до пристаниште и има освоено 2 и 3 место. Дафина активно се занимава и со планинарство – ориентација. Па сепак над се, таа е млад и надежен дипломиран стоматолог кој неодамна отвори своја приватна стомато­лошка ординација Делфи Дент. Ординацијата Делфи Дент е лоцирана во Здравствен дом – Прилеп на 3 ти кат соба број 64.

      ► Каков е односот кон младите кадри?

      - Многу често се јавува сомнеж кај пациентите во однос на кавалитетот на работата и стручноста на младите стоматолози. Тоа е погрешно. Младите стоматолози ги следат најновите трендови и се трудат што постручно и по внимателно да ги завршат интервенциите за да ја докажат нивната стручност и да ги задоволат желбите на пациентите. Конкуренцијата е голема, но квалитетот секогаш избива на површина.

      За сето ова да биде забележано, клучна е и рекламата како средство за информрање на луѓето – рече нашата соговорничка Д-р Дафина Богеска од Прилеп.

      ► Какви услови нудите?

ЉУБЕЗНОСТ И ПРИМАМЛИВ АМБИЕНТ

op

      Деспина Димеска завршена ме¬ди¬цинска сестра во ДСУ. Ѓорче Петров Прилеп е мошне задоволна од работата.

      - Среќна сум кога читам задоволство од лицата на сите пациенти кои влегуваат во нашата ординација. Луѓето ги примамува топлиот амбиент, но и љубезноста и пресретливоста на нашата докторка – вели медицинската сестра Деспина Димеска.

      - Значајно внимание му посветуваме на едукацијата на пациентите. Се трудиме да им се приближиме и да им укажеме колку е важно одржувањето на оралното здравје, бидејќи голем процент на болести потекнуваат токму од устата. Преку видео клипови им објаснуваме како ќе се одвива интервенцијата, а со помош на интра орална камера се снима состојбата на забалото, пред и по интервенцијата, со што пациентот има целосен увид на сета извршена работа. Видно место зазема естетската стоматологија, а и интервенциите од областа на болести на уста и пародонтот. Мал е процентот на луѓе кои се доволно информирани за значењето на забниот камен како причинител број 1 во појавата на Пародонтопатијата ( болест на непцата) и колку е битно да се чисти на секои 6 месеци.

      ► Како е прифатена естетската стоматологија?

      - Во време на мода и престиж луѓето се натпреваруваат кој да изгледа поубаво и попривлечно. Денес може да се рече, дека во светот, естетската стоматологија завзема прво место. Кај нас сеуште не е така, но оди во нагорна линија и се почести се интервенциите од оваа област. Ние како нова ординација ги следиме сите новитети кои се излезени од оваа област и ги практикуваме. Најчесто барани интервенции кои ги работиме се:

           - полирање на забите до висок сјај – пескарење

           - белење со лед ламба и гел до 14 нијанси

           - корекција на фрактурирани заби со надградба

           - корекција на бојата на поедини заби со ламинати од нано композит

           - поставување на циркони

и уште многу други интеревенции со кои сме добиле воодушевувачки резултати.

      ► Актуелни ли се матичните клетки во стоматологијата?

      - Ова е најновото откритие до сега во стоматологијата. Новите испитувања на млечните заби и умниците покажаа дека изобилуваат со матични клетки кои нудат втора шанса за живот.

      Веќе стана актуелна процедура бидејќи е многу поедноставна од земањето на матични клетки од папочна врвца.

      Матичните клетки од забите се чуваат во специјална банка во Грција и може да послужат за регенерација на сите органи од мезенхимално потекло, а меѓу другото и за лекување на: дијабетис, повреди и болести на нервниот систем, болести на мускулите, регенерација на срцевиот мускул, мозокот по мозочен удар, скрше­ници на коските, рскавиците, скинати лигаменти и др.

      ► Задоволни ли се пациентите? Каков е вашиот впечаток?

      - Знаете, има едно златно правило во работата. Ако тој што работи е задоволен од тоа како е сработено, голема е веројатноста и пациентот да е задоволен. Посетеноста на ординацијата расте од ден на ден, што може да се земе како показател за задоволството на пациентите, но сепак е потребна и добра реклама.


 

 


Д-Р НАДЕ КАРАЏОСКА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РОТАРИ КЛУБ - ПРИЛЕП


 “РОТАРИЈАНЦИТЕ“ ПОМАГААТ ВО ИЗГРАДБА НА ДОБРА ВОЛЈА И МИР ВО СВЕТОТ


       Главното мото на Ротари е сервис (помош) во општеството, на работното место и насекаде во светот. Ротаријанците градат доверба и мир, обезбедуваат хуманитарна помош, иницираат општествени проекти поврзани со многу дејности од современите текови на животот. Ротари клубовите се самостојни и одредуваат проекти за помош засновани на локалните потреби.


      ROTARY е организација на деловни и професионални луѓе здружени во целиот свет кои обезбедуваат хуманитарна помош, поттикнуваат високи етички стандарди во сите професии и помагаат во изградба на добра волја и мир во светот. Луѓе со вакви капацитети и амбиции има и во Прилеп, па така во 2007 година почна процесот на формирање на Ротари клуб во Прилеп.

      - Формирањето на Ротари клубот почна пролетта 2007 година, а основачкото собрание го одржавме кон крајот на истата година. Во почетокот на 2008 година го регистриравме Здружението на граѓани “Ротари клуб“ Прилеп, а после комплетирањето на потребната документација, на 15 април 2008 година, во регистарот на Rotari International е регистриран ROTARY CLUB – Prilep. Денот на Чартер – чествувањето беше на 27 јуни 2008 година. Мора да потенцираме дека формирањето на Ротари клуб Прилеп е овозможено благодарение на поддршката на Ротари клубот Битола – вели претстедателот на Ротари клубот – Прилеп Д-р Наде Караџоска.

      Клубот во Прилеп брои вкупно 35 членови. Тоа се успешни луѓе од повеќе профили како од: бизнис секторот, здравството, образованието, културата и сл. Седиштето на прилепскиот клуб е во хотелот Кристал Палас каде што членството се среќава секој понеделник во 20 часот.

      - Член на Ротари клубот – Прилеп може да биде само полнолетен граѓанин – државјанин на Р. Македонија, кој што е предложен од активен член на клубот. Истиот треба да го прифати Статутот на клубот, да потпише пристапница и да плати членарина. Клубот го сочинуваат возрасни луѓе со добра професионална и деловна репутација. Инаку членството во Ротари може да биде активно и почесно. Почесни членови на Ротари клуб – Прилеп се познатиот оперски пејач Борис Трајанов, Луј Влашо, почесен конзул во САД и Симон Наумоски, директор на А.Д. Витаминка – раскажува Караџоска.

      Ротари клубовите не се политички ниту религиозни, отворени се за сите култури, раси и вероисповеди. Амблемот на Ротари е ист за сите клубови, тој е тркалото кое се врти и е сопственост на Rotary International и не може да се користи за комерцијални, политички или други цели.

      Главното мото на Ротари е сервис (помош) во општеството, на работното место и насекаде во светот. Ротаријанците градат доверба и мир, обезбедуваат хуманитарна помош, иницираат општествени проекти поврзани со многу дејности од современите текови на животот. Ротари клубовите се самостојни и одредуваат проекти за помош засновани на локалните потреби.

      - Минатата година прилепскиот Ротари клуб организираше низа свои акции. Го направивме паркот во кругот на болницата посветен на Тоше Проески, организиравме неколку еколошки акции, организиравме серија предавања и тркалезни маси за здравјето, се посветивме на младите со нивна подготовка за пазарот на трудот и стимулирање на младите таленти. Едноставно нашата помош, помошта на нашите членови, минатата година беше вредна околу еден милион денари – вели првиот претседател на клубот д-р Александар Ристески.

      Во 1947 година формирана е Ротари фондација која секоја година обезбедува околу 90 милиони долари за меѓународни стипендии, културна размена и хуманитарни проекти кои го подобруваат животот на милиони луѓе. Последните 50 години, Ротари фондацијата дала повеќе од 1,6 билиони американски долари на различни програми. Значителна поддршка се дава и за различни области на образованието: околу 40 000 амбасадорски стипендии се доделени на студенти од 110 земји во светот. Ротари овозможи повеќе од милијарда деца во земјите во развој да бидат имунизирани.

Игор ТАСЕВСКИ


 

 


АСТРОПСИХОЛОГИЈА                                                     ХОРОСКОП

 

Подготвува: Марија КОТЕВСКА–ДИМОВСКА


ê

Оптимизам

       Позитивните емоции и расположенија се моќни мотиватори кои влијаат врз успесите во сите животни сфери.Пример за тоа е оптимизмот. Тој помага полесно да се соочиме со реалноста зошто таа многу потешко ќе не обесхрабри кога сме оптимистични отколку кога сме песимистични. Оптимизмот не кошта ништо а многу дава. Затоа да се обидеме да најдеме најдобар начин со своето позитивно размислување да ги пребродиме тешкотиите кои се појавуваат пред нас. Односот кон неуспехот е главен мотиватор кај оваа вештина, при што оптимистите мислат дека на неуспехот може да се влијае, а песимистите пак неуспехот го гледаат како личен недостаток кој секогаш им носи несреќа. Кај песимистот неуспехот предизвикува апатија и повлекување , проследено со мисли од типот: ,,Јас сум губитник, јас никогаш нема да успеам,,. Менталната реакција го поттикнува очајот, наспроти оптимистите кои го поттикнуваат надевањето. Тие се проценуваат во однос на настанатата ситуација, ја бараат причината за нивниот неуспех со цел да го изменат пристапот. Односот кон неуспесите е во тесна врска со самоефикасноста – моќ да се управува со настаните. Развивањето на секој вид на способност ги поттикнува чувството на самоефикасност. Ваквото однесување ја води личноста кон посмело прифаќање на ризици и предизвици. Оптимизмот разгледуван како емоционална компетенција е наречен научен оптимизам што значи може да се развива, свесно да се предизвикува и подобрува.

Совети од област на психологија и астрологија на:

e-mail : mare2003@freemail.com.mk

Одговара: М-р Марија Котевска Димовска, психолог - психотерапевт

 

АСТРОЛОШКИ ПРЕДВИДУВАЊА ЗА О – 2005.

 

ОВЕН 21.03 19.04

      Овновите важат за храбри и оптимистични личности кои смело минуваат низ сите негативни ситуации и не се вознемируваат од можните порази. Сепак дури и припадници на најоптимистичниот знак имаат мигови кога се прашуваат дали е сето ова вредно за борба и толкави вложувања. Во тие мигови вашиот оптимизам може да дојде како спас кој ќе ве потсети дека и вие имате право на мигови на депресивност и обесхрабреност, кои неизбежно ќе поминат. Во тие мигови ќе се сетите дека сте личност вредна за почитување, а ќе ве охрабри фактот сека утре е нов ден кој носи нови можности.

 

БИК 20.04 20.05

      Генерално гледано оптимизмот на Бикот потекнува од вербата во индивидуалната сила. Вие верувате во својот талент, погледи а пред се во својата привлечност и во способноста да му се допаднете на спротивниот пол. Тоа е една од најцврстите потпори за оптимизам.Вие умеете со пари што е еден од важните елементи за самодоверба. Еден од проблемите кој ве оптеретува е посесивноста и љубомората во односите со луѓето. Под тие односи не се подразбираат само партнерските релации туку и семејни, пријателски и професионални врски. Ако ви се чини дека некој сака нешто да ви земе вие почнувате да се сомневате во себеси. И најмал сомнеж дека партнерот ви се оддалечува, колегите нешто прикриле ли детето се побунило доволни се да ве вознемират. Тогаш треба да побарате утеха во прошетка покрај парк, морски брег или да се внесете во задоволството на креирање.

 

БЛИЗНАЦИ 21.05 21.06

      Желбата за промени и различности како и ужасот од досада можат да се изедначат со оптимизмот. Се додека сте во можност секаде околу себе да гледате неограничена перспектива вие ќе бидете задоволни. Затоа Близнаците не треба брзо да влегуваат во партнерски релации било од професионална или од емотивна природа. Тешко ви е да бидете оптимист кога чувствувате дека сте фатени во стапица. Сепак со својот интелект, снаодливост и смисол за хумор вие сте еластични и разумни. Успевате да најдете светла страна во секја ситуација. Вашиот вистински оптимизм произлегува од вашата љубопитност, постојано трагање за нови идеи, како и во дружењето со други луѓе.

 

РАК  22.06 22.07

      Овој знак е често обвинуван за претерана грижливост. Ако сте припадник на овој знак вие длабоко преживувате се околу себе и склони сте кон секирација од реални или замислени увреди или закани. Начинот за тоа да го избегнете е во избалансираниот однос кон околината, не заборавајќи дека во сечиј живот понекогаш навлегува тагата. Сепак не губете од вид дека вашиот знак е многу силен И покрај вашата чувствителност. Ракот може да изгледа кршливо, но не заборавете дека има цврста обвивка и брзина, а може цврсто да штипни кога и да посака. Поседувате способност да се спротивставите на животните предизвици со минимум страв, освен ако не се препуштите на стравувањето. Ојачајте го својот оптимизам со работа но и со забава во текот на работењето и престанете да се грижите што другите мислат. Иако сакате личностите кои ви се драги да имаат добро мислење за вас, најважно е да бидете искрени кон себеси. Не мора сите да ги прифатат вашите животни гледишта.

 

ЛАВ 23.07 22.08

      За вашиот оптимизам навистина има што да се зборува. Припадниците на овој зодијчки знак поседуваат внатрешно чувство на самоуважување, а исто така ужива во сите животни циклуси прифаќајќи го фактот дека животот се состои од позитини и негативни искуства. Лавот е решителен во барањето само позитивни и корисни искуства па неговиот оптимизам е ретко пред сериозен предизвик. Сепак и тој има свои слаби страни, а тоа се: љубовни авантури и верност. Иако делувате гордо и силно, ранливи сте на неверство и предавство. Затоа добро размислете пред да влетате во емоционална врска зошто вашата верност и лојалност ви го отежнува повлекувањето кога е неопходно. Тука оптимизмот е ваша слаба страна. Сепак, ако некој може од лошата ситуација да го извлече најдоброто, тоа е секако Лавот. Затоа кога сте лошо расположени сетете се дека целиот свет е една голема претстава во која животот ви доделил главна улога.

 

ДЕВИЦА 23.08 22.09

      Припадниците на овој зодијачки знак имаат проблем светот да го гледаат од ведрата страна. Причината е што гладот за перфекција во светот полн со несовршености тешко може да биде задоволен. Склони се чашата да ја гледаат како полупразна отколку како полуполна. Природата на Девицата е прво да ги согледа слабоста и недостатоците во нештата, па од ситните облачина често не може да го види сонцето. Но и вие можете да постанете оптимисти, ако не екстремни, тогаш барем до степен резонски позитивно да размислувате. Ваквиот стил на размислување би довел до мир во меѓучовечките односи, како и до психофизичка благосостојба. За Вас е испреплетена врската меѓу умот и телото. Кога успеете да ја пронајдете ведрата страна ќе сфатите колку подобро се чувствувате заради тоа. Ќе почнете да уживате во животот и да ја надминете тенденцијата кон критика на другите и себе си. Ќе дојде до израз вашата смисла за хумор, а сигурно ќе се запрашате зошто ви требало толку време да научите да уживате во животот.

 

ТЕРЕЗИЈА  23.09 - 23.10

      Припадниците на овој знак се спонтани, дружељубиви и шармантни личности. Контактирањето со другите луѓе ги радува и енергизира Терезиите, но и нивните соговорници кои ретко остануваат имуни на нивниот шарм и привлечност. Умеат да пружат и да прифатат помош, свесни дека без соработка со други луѓе малку ќе постигнат во животот. Извор на оптимизам за Терезиите е живот на висока нога исполнет со гламур, естетика и елитни дружења. Сепак потребно е да научат дека и едноставните нешта се извор на убавина и радост.

 

СКОРПИЈА  24.10 - 21.11

      Скорпиите имаат сила и самодоверба да го постигнат она што ќе го посакаат, без разлика на цената. Иако прилично лесно остваруваат успех, вистински оптимизам и среќа на живеење е потешко остварлива. Причината за тоа е вродената недоверливост, сомничавост и недоволната спонтаност. Патот до вистинска исполнетост и радост на живеењето ќе се постигне со поголема доверба и отварање према другите луѓе.

 

СТРЕЛЕЦ  22.11 -  21.12

      Ентузијазам, авантуристички дух и отвореност кон светот се особини кои им овозможуваат на припадниците на овој знак да го согледаат оптимистично животот и да се радуваат на него. Јупитер, планетата на среќата и оптимизмот, е нивна владеачка планета кој им помага да ги гледаат случувањата од светлата страна. Нивната позитивна енергија, која секогаш копнее кон новости и различности, им овозможува интересен и исполнет живот. Стрелците важат за највеселите личности во зодијакот од кои може да учат останатите знаци за тоа како да се приоѓа и да му се радува на убавините на животот.

 

ЈАРЕЦ  22.12 - 19.01

      Сериозни, трезвени и практични Јарци чекорат низ животот упорни и решени да ги остварат своите амбициозни цели. Тоа е и најважниот ако не и единствен извор на оптимизам кај овој амбициозен знак. Иако успехот ги усреќува во голема мера, потребно е да научат дека изворот на вистинската радост лежи подалеку од нивното его. Преголемите амбиции може да ги заслепат за вистинските животни радости кои се многу потрајни и посуштествени. Времето е најголем сојузник за Јарците кои во позрела возраст стануваат пооптимисти и ги согледуваат сите убавини и радости на живеењето.

 

ВОДОЛИЈА  20.01  - 18.02

      Припадниците на овој знак се дружељубиви и хумани личности кои ги ценат и им помагаат на другите луѓе. Токму социјалните контакти и многубројните дружења се извор на оптимизам и исполнетост на Водолиите. Хумани и со широки визии на животот му приоѓаат со особена филозофија, а духовните цели ги усреќуваат повеќе од материјалните. Како препрека во доживување на животниот оптимизам е желбата да го подредат светот според сопствените визии наместо да го прифатат природниот тек на случувањата.

 

РИБИ   19.02 -  20.03

      Извор на оптимизам кај припадниците на овој знак лежи во светот на интимата и емоциите. Љубовта за нив е извор на најголема радост и оптимизам кога е возвратена, но и на најдлабока тага кога не е. Она што треба да го научат вечните мечтатели на Зодијакот е дека постојат многу други извори на задоволство, дека животот е многу богат и широк за да се ограничи само на една негова област. На патот да ги зголемат оптимизмот и да ги пронајдат животните радости потребно е да ја зголемат личната иницијативност, упорност и самодоверба.