Година XV, број 91, Октомври 2008

РЕГИОН


 

Подготвува:

Игор ТАСЕВСКИ

 

 



ПРИЛЕП



Стопанска прилепска делегација во САД


ЗБРАТИМУВАЊЕ НА ПРИЛЕП И ГАРФИЛД


      ● Последната вечер прилепската делегација ја поминала во ресторанот „Де жа ву“ каде се формирало и прилепско друш­тво и се одржала прилепска вечер.


      Прилеп се збратми со општината Гарфилд од Њу Џерси – Америка. Тој е првата македонска општина која се збратими со општина од Соединетите Америкасни Држави. На чинот на збратимувањето присуствуваше делгација од Прилеп предводена од градоначалникот Марјан Ристески, претседавачот на совет Димитар Стевананџија и десетина прилепски бизнисмени. Гарфилд е општина која има околу шеесет и пет илјади жители, а три илјади од нив се Македонци.

      Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески писмата за збратимување ги разменил со градо­началникот на Гарфилд господинот Френк Каландриело. Прилепската делегација во Америка имала повеќе средби со америкасни фирми, воспоставила соработка со стопанска комора од овој регион, ги посетила сите јавни институции, полицијата, детските градинки, библиотеката и најсовременото училуште во овој дел на Америка кое чинело седумдесет милиони долари. Низ прошетките по институциите се сретнале и со македонци и тоа во Старскиот дом, училиштата и полицијата. Последната вечер прилепската делегација ја поминала во ресторанот „Де жа ву“ каде се формирало и прилепско друштво и се одржала прилепска вечер. Со ова се продолжува иницијативата на формирање прилепски друштва низ светот, такво веќе се формира во Австралија, а се најавуваат формирања на вакви друштва и во некои европски земји. За пртседател е избран Златко Талески. Дружењето на прилепчани завршило со собирање на донации за изградба на црквата света Петка.


      -     Прилеп доби клуч од портите на општината Гарфилд. Со поптпи­шу­вањето на меморандумот за соработка меѓу двете заедници се оствари првото македонско – американско поврзување. Меморандумот за соработка е темелот на идните контактите на стопански, образовен и културен план. Фактот дека низ централните улици на Гарфилд покрај американското се вееше и македонското знаме, во чест на фестивалот и делегацијата доволно зборува за одност и почитта на овој амерички град кон Прилеп и Македонија – рече Гра­дона­чалникот на Прилеп Марјан Ристески.


      За време на престојот во Америка прилепската делегација го посети македонскиот фестивал во Гарфилд каде што имаше и штанд на Прилеп, присус­твуваше на манифестацијата за одбележување на 11 септември денот кога беше урнат светскиот трговски центар односно сестрите близначки во Њујорк, а раководството на Прилеп се сретнало и со конгресменот на Њу Џерси Бил Паскрил и сенаторот Френк Лутенберг.


      - Се запознавме со аме­ричкиот начин на функционирање. Разменивме искуства, воспоставивме контакти. Видовме дека Макеонците и таму се во кругот на успеш­ните бизнисмени. Верувам дека оваа посета ќе ни донеси и воспоставување на деловна соработка со фирми од Гарфилд. За неколку месеци ни највија возвратна посета на Прилеп – рече директорот на Печатницата 11 Октомври Димитар Бошески.


 



Обновено училиштето во мариовското село Витолиште


УЧИЛИШТЕ ЗА ЕДНО ДЕТЕ


      ● Во Прилеп се вели дека со враќањето на учи­лиштето во Витолиште се враќа надежта за Мариово, а надежат уште повеќе ја подгреваат и највените проекти Чебрен и Галиште.


      На 1-ви септември после пауза од десет години повторно се слушна школското ѕвонче во Витолиште – Мариово и се врати надежата за живот во овој македонски регион.

      Учитечлката Анета Тренкоска на 1-ви спетември прв пат се сретана со својот единствени: ученик Петре Чакрески и му посака топло добредојде во школксите клупи. Таа секој ден ќе патува на релацијата Прилеп – Витолиште за да му одржува настава на единствениот ученик Петре Чакрески. Наставата за почеток ќе се изведува во зградата на старата општина Витолиште, а наскоро ќе се подобреле и условите во истата. Во две илјади и десетта година во ова училиште ќе имало уште двајца нови ученици.

      Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и Советникот за образование Марјан Матракоски беа во Витолиште да ја поделат радоста со Петре и нивните родители.

            Во Прилеп се вели дека со враќањето на училиштето во Витолиште се враќа надежта за Мариово, а надежат уште повеќе ја подгреваат и највените проекти Чебрен и Галиште.


 

 



КРУШЕВО



Пишува: Благоја БЛАГАДУША


ШВАЈЦАРЦИТЕ ДОНИРАА ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА КРУШЕВО


      Крушевчани се задоволни од швајцарската донација. Но, како што велат многумина, да даде Господ „швајцарскиот“ камион повеќе да се употребува за миење на улиците, отколку за гаснење на пожари, зашто, огнот е добар слуга, ама лош господар...


      Од 1996 година па наваму Општината Крушево остварува успешна соработка со швајцарскиот град Бил што се најдува во областа Селанд во Кантонот на Берн. Всушност, станува збор за партнерство во рамките на Асоцијацијата ГГБС (Гемеинден Гемеинсам Биел Сееланд) – што во превод значи: Општините заедно – Бил Селанд). Резултатите остварени низ ова дванаесетгодишно партнерство навистина се вредни за почит: Повеќе училишта, детски градинки, клубови и други институции и установи на територијата на Општина Крушево, вклучувајќи ја и општинската адми¬нис¬¬трација, од страна на ГГБС во значајна мера се опремени со компју¬терска и друга техника, училиштен мебел, прибор и помагала, а одржани се и бројни семинари со разноврсен тематски опфат и различни целни групи, со што е остварен значаен напредок во севкупниот развој на Општината.

      Најнов дострел на ова партнерство е неодамна реализираниот проект „Противпожарно возило – донација на ГГБС за Крушево“. Со оваа донација, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Крушево се стекна со уште едно, мошне вредно и ефикасно техничко средство, што ќе значи битно подобрување на степенот на ефикасноста во извршувањето на сложените противпожарни зафати. Без сомнение, ќе биде непотребно поопширно да се објаснува значењето на оваа донација ако се имаат предвид бројните пожари што, не само во Крушевско, туку и во цела Македонија, минатото и ова ова лето нанесоа непроценливи штети особено во шумските пространства.

      Донираниот противпожарен камион е од марката „Reno – Braendle“. Тоа значи дека моторот и шасијата се од програмата на „Рено“, додека специјалната опрема и про­тивпо­жарните уреди и инсталации се швајцарски производ, од познатата фирмата „Браендле“ од Сирнах. Опремен со моќна пумпа што под висок притисок обезбедува проток од 2.800 литри во минута, камионот е наменет за брза интервенција. Има погон на сите четири тркала и мало меѓуосовинско растојание, што е многу важно за неговата подвижност на стрмни места, какви што се теренските услови во Крушево и околината. Иако ова возило е од „втора рака“, неговата зачуваност е зачу­дувачки добра. Сепак, непосредно пред донирањето, Швајцарците се погрижија противпожарната пумпа на камионот, како негов највитален работен дел, да биде целосно ремонтирана и обновена, така што кру­шевските пожарникари ќе немаат технички проблеми со неа во наредните десетина па и повеќе години.

      Координатор на проектот од швајцарска страна беше Хајнц Шпиес – член на Бордот на ГГБС. Тој, при предавањето на возилото ја нагласи потеребата – за чување на ова про­тивпожарно средства во Крушево да се обезбедат неопходните технички услови, односно истото да биде гаражирано, зашто во спротивно, како што истакна, ако се остави под отворено небо, атмосверските влијанија ќе си го сторат своето, во кој случај донацијата би го изгубила своето значење. Во врска со оваа потреба, на која од страна на швајцарските донатори беше укажувано на повеќе наврати, претставниците на локалната самоуправа од Крушево зедоа обврска да обезбедат тех­нички услови за до­маќинско чување и правилна експлоатација на противпожар­ниот камион.

      Координатор на про­ектот од крушевска страна, беше Благоја Благадуша – член на Советот на Општина Крушево, кој ја пред­водеше делегацијата на крушевските по­жар­никари во Швајцарија при преземањето на донираното возило. За време на петдневниот престој во Шва­јцарија, на крушевските пожар­никари им беше организирана обука за употреба на возилото, најнапред во фирмата – производител „Braendle“ во Сирнах, а потоа, искуства беа разменети и со пожарникарите од Нидау и Ипсах – општини во партнерскиот град Бил.


      За време на петдневниот престој во Швајцарија, на крушевските пожар­никари им беше организирана обука за употреба на возилото, најнапред во фирмата – производител „Bra­en­dle“ во Сирнах, а потоа, искуства беа разменети и со пожарникарите од Нидау и Ипсах – општини во партнерскиот град Бил.


      За одбележување е што, само два дена по пристигнувањето во Крушево, по одржаната показна вежба пред припадниците на целото противпожарно одделение, овој камион го имаше и своето вистинсо „огнено крштевање“: успешно беше употребен во гаснењето на пожарот во непосредна близина на објектите на пора­нешниот „Еуро­тек“ кај селото Алданци.

            За остварените ре­зул­тати во партнерството, на швајцарската невладина организација ГГБС лани.

 беше доделена наградата „8ми Септември“ – највисокото признание што Општината Крушево го доделува по повод Денот на ос­лободувањето на градот. Годинава, пак, по повод успешно завр­шениот проект со про­тивпожарното возило, на свеченоста што се одржа по повод 8ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија и Ден на ослободувањето на градот Крушево, неуморниот ентусијаст на ГГБС – Хајнц Шпиес беше прогласен за почесен граѓанин на Кру­шево.

      Крушевчани се задоволни од швајцарската донација. Но, како што велат многу мина, да даде Господ „швајцарскиот“ камион повеќе да се употребува за миење на улиците, отколку за гаснење на пожари, зашто, огнот е добар слуга, ама лош господар...


 

 



ДОЛНЕНИ




Реновирано основното училиште Мирче Ацев во Лажани општина Долнени со турска донација


ТУРЦИЈА НЕСЕБИЧНО ЈА ПОМАГА МАКЕДОНИЈА


      ● Долнени е најмултиетничката општина во Македонија во која живеат 15.000 Македонци, Турци, Албанци, Бошњаци и други. Нашата општина со Република Турција ја врзуваат и многу роднински и пријателски врски. Имено многу жители од оваа општина денес живеат во Турција, а голем дел од нив се успешни бизнисмени. Некои се и во високите кругови на политичкиот живот. Турција несебично ја помага Македонија од денот на нејзиното осамостојување, а тоа се гледа и денес, а се надевам дека таа соработка ќе продолжи и во иднина – рече на свеченоста градоначалникот на општина Долнени Изудин Каришиќ.


      Триста и триесетте деца кои посетуваат настава во основното учи­лиште „Мирче Ацев“ во селото Лажани (во општина Долнени) од оваа учеб­на година учат во обновена зграда и подобрени услови. Министерството за надворешни ра­боти на Република Турција даде донација од 60 илјади евра за поправка на зградата и обновување на инвентарот. По овој повод Министерот од Владата на Република Турција Саит Веаџитиоглу и претседателот на турската развојна агенција „Тика“ Муса Мулактикаја присуствуваа на чинот на давањето во употреба на реновираната училишна зграда.

      - Нема зборови со кои мо­же­ме да ја искажиме благодарноста до турската влада и турскиот народ за оваа донација за училиштето во Лажани. Благодарноста најубаво ќе ја искажат учениците. Долнени е најмул­тиетничката општина во Македонија во која живеат 15.000 Македонци, Турци, Албанци, Бошњаци и други. Нашата оп­штина со Република Турција ја врзуваат и многу роднински и пријателски врски. Имено многу жители од оваа општина денес живеат во Турција, а голем дел од нив се успешни бизнисмени. Некои се и во високите кругови на политичкиот живот. Турција несебично ја помага Македонија од денот на нејзиното осамостојување, а тоа се гледа и денес, а се надевам дека таа соработка ќе продолжи и во иднина – рече на свеченоста гра­до­на­чал­никот на општина Долнени Изудин Каришиќ.

      „Мирче Ацев“ е едно од седумте централни осумгодишни училишта во општина Долнени, во која има уште 16 четири­годишни училишта со вкупно 2.610 ученици и едно средно училиште во селото Житоше кое претставува истурени паралелки на албански наставен јазик од средношколскиот училишен центар во Кичево.

      Актуелната општинска власт предводена од градо­на­чал­никот Каришиќ во изминативе три години реновира седум училишта, а во скоро сите има­ше активности за обезбедување на елементарните услови за работа. Во моментов се прават напори за зголемување на интересот на децата за задол­жителното средно образование. Една од наредните цели на градоначалникот е подобрување на пристапот до средните училишта за децата од општина Долнени. Оваа цел ќе се оствари со подобрување на превозот до средните училиште во Прилеп или отоворање на средно училиште или истурени па­ралелки на средни училишта по примерот на тие кои ги имаат во селото Житоше во некои од селата во општината Долнени. Ќе направам се што е во моја можност да им се излезе во пресрет на децата за она што сега е задолжително образование за нив – средното – вели градоначалникот на Долнени Изудин Каришиќ.

Игор ТАСЕВСКИ