Година XV, број 91, Октомври 2008

ДРУГО


Врвна дијагностика при техниЧкиот преглед во ЗдруЖЕнието за возаЧи - Прилеп


ШЕСТ УРЕ­ДИ ПРИ­КЛУ­ЧЕ­НИ НА ЕДЕН КОМ­ПЈУ­ТЕР


      ● Според зборовите на над­леж­ните во Здружението, сите шест уреди се при­клучени на еден компјутер кој претставува срце на линијата каде добиените податоци ги покажува преку два монитори и доколку странката сака истите се печатат и сите податоци се снимаат и се архивираат


      Здружението за возачи – Прилеп држи чекор со со­вре­ме­ните збиднувања во дијагностиката при тех­ничкиот преглед на возилата. Располага со најкомплетна програма за технички преглед на моторни и други возила од познатата германска фирма МАНА која на корисниците им овозможува брз, квалитетен и прецизен начин на технички прегледи.

      Во станицата за технички преглед нашите членови ги користат следните услуги: менување и балансирање на гуми, надворешно миење на колите, менување на сијалици и штелување на светло, како и други поситни поправки. Здру­жението издава и меѓународни возачки дозволи за управување на туѓо возило во странство – ни рекоа во Здружението за возачи во Прилеп.

      Според зборовите на надлеж­ните во Здружението, сите шест уреди се приклучени на еден компјутер кој претставува срце на линијата каде добиените податоци ги покажува преку два монитори и доколку странката сака истите се печатат и сите податоци се снимаат и се архивираат.

            Како што е познато, Здру­же­нието за возачи – Прилеп за сво­ите членови – корисници на услугите во Станицата за технички преглед во Крушево и Алданци имаше воведено летен попуст од 30 отсто на регистрирањето и техничкиот преглед на сите видови моторни возила.


 

 



Женски пинг – понгарски клуб „Младост“ – Прилеп


ШАНСА ЗА ДОКАЖУВАЊЕ И АФИРМАЦИЈА


      Тошески нагласи дека тренинзите ги изве­ду­ва­ат секојдневно во салата за пинг – понг каде на по­че­ток се работи на фи­зич­ки, а потоа и на так­тично – тех­нич­ки план. Во план е и одиг­ру­вање на 2 - 3 кон­тролни сред­би со еки­пи од ист, или понизок ранг, на натпре­ва­рување.


      Пред извесно време младите пинг – понгарски надежи, на чело со искусниот стратег Гоце То­шески, ги започнаа подготовките за престојната натпре­ва­рувачка сезона.

      - Започнавме со тренинзи. Со максимална ангажираност посакуваме подобар пласман од минатата сезона – ни рече Гоце Тошески.

      ► Со кои пинг – понгарки ќе настапите?

      - Тоа се: Екатерина Багеска, Соња Ѓорѓиоска и Александра Јовческа. Многу очекувам од Екатерина Багеска која е мошне талентирана и надеж­на пинг – понгарка и која ќе биде прв пик и стожер на екипата.

      Тошески нагласи дека тренинзите ги изведуваат секојдневно во салата за пинг – понг каде на почеток се работи на физички, а потоа и на тактично – технички план. Во план е и одигрување на 2 - 3 контролни средби со екипи од ист, или понизок ранг, на натпреварување.

      ► Каков е начинот на натпреварување?

      - Се игра лига систем секој со секого, а потоа, најдобро пласираните 4 екипи ќе играат плеј – офф натпревари.

      ► Кои се амбициите на клубот?

      - Се разбира подобар пласман од минатогодишниот, а тоа е учество во плеј – офф натпреварите.

      На крајот да напоменеме дека на последниот Управен одбор на клубот каде, како член, е кооптиран и авторот на овој текст донесени се две битни одлуки и тоа:

      - Во саботите од 10 до 17 часот со симболично 50,00 денари салата ќе биде отворена за сите рекреативци кои ги сакаат тајните на белото целулоидно топче

      - Предлог за организацијата на пинг – понгарски игри на Прилеп.

Р. ЈОВАНОСКИ


 

 


АСТРОПСИХОЛОГИЈА                                                     ХОРОСКОП

 

Подготвува: Марија КОТЕВСКА–ДИМОВСКА


ê

Прекин на љубовните врски

      Исполнет емотивен живот подразбира зрела врска меѓу две личности кои споделуваат нежност и љубов. Што е потребно во една врска за да успешно функционира. Еден од основните предуслови за тоа е да знаеме кои потреби сакаме да ги задоволиме во врската. Тука спаѓаат потребите како: да почув­ствуваме дека сме сакани и почитувани од партнерот, дека сме му важни и привлечни, да не прифати а не осудува, да ја чувствува нашата болка и радост и сл. Значи во врската се задоволуваат многу значајни потреби – но не и примарни потреби како онаа да бидеш среќен и самоуверен и да се чувствуваш како вредна личност. Тоа секој мора да го направи сам за себе. Ако прибегнеме во врска за да ги задоволиме своите основни потреби, почнуваме да доживуваме болка и да го обвинуваме другиот за тоа што не ни го пружил а што нереално го очекуваме. Личности кои влегуваат во врска со ваква нереална мотивација мислат дека најважна работа на светот е да бидеш сакан. Оваа желба или потреба има еден сериозен недостаток – потполно зависи од некој кој е надвор од нив. Тогаш бараат некој друг да се грижи за нив, замислуваат како тоа треба да изгледа и според тоа проценуваат колку другите ги сакаат. Кога и да се концентрираш на потребата некој друг да те сака, набрзо се чувствуваш несакан, а кога се почувствуваш несакан се повредуваш, се лутиш и ти почнуваш да не сакаш. Ваквото расположение се согледува па и на другите им е тешко да сакаат таква личност. Првото и основно правило до кое треба да се држите за да зачувате емотивна врска е: „Грижи се сам за себе повеќе и не чекај друг да се грижи за тебе“. Личностите кои сами ги согледуваат и задоволуваат своите потреби се свесни дека никој не може да ги задоволи нивните примарни потреби освен самите тие. Добрата грижа за себе води до мир, спокојство и љубов кон себе но и кон околината. Ваквиот зрел став кон себе си и кон љубовта доведува до две големи придобивки. Првата е што многу полесни и побрзо градат исполнет емотивен однос и втората дека многу полесно ги пребродуваат прекините на емотивните врски. Кај оние личности каде чувството на лична сигурност и вредност се темели на добивање на љубов и одобрување од партнерот, проблемот е многу поголем и во двете ситоации. Тие личности стануваат зависни од својот партнер и многу силно се врзуваат за врската при што прекинот е вистинска траума од која тешко закрепнуваат. Такво однесување станува контрапродуктивно, т.е. тоа спречува да се дојде до љубов и развивање на врската, а ја намалува способноста зрело да се прифати прекинот на врската. Реакцијата на прекинување на врската зависи и од други фактори, а астрологијата има свое видување за тоа како астролошките знаци реагираат на прекинот на врската.

Совети од област на психологија и астрологија на:

e-mail : mare2003@freemail.com.mk

Одговара: М-р Марија Котевска Димовска, психолог - психотерапевт

 

ПРЕКИН НА ЉУБОВНИТЕ ВРСКИ И ЗОДИЈАКОТ

 

ОВЕН 21.03 19.04

      Овој огнен и храбар зодијачки знак пати повеќе и подолго отколку што некогаш би признал. Неговото его не дозволува да ја покаже својата слабост или патење. На прв поглед припадниците на овој знак делуваат како воопшто да не чувствиуваат љубовна болка и дека не им е битен проблемот. Но вистината е дека патат силно и долго. Се повлекуваат во осаменост и ретко ја покажуваат болката, за по кратко време храбро ќе тргнат во нови победи. Нивното размислување е: „Зошто заради една пропадната врска да пуштам животот да поминува покрај мене“?

 

БИК 20.04 20.05

      Припадниците на овој астролошки знак го ценат мирот и удобноста на долгите врски. Вистинските Бикови добро ќе размислат пред да се решат на прекин, а ако постои и најмала ситница која може да ја задржи врската , сигурно нема да се решат на прекин. Доколку дојде до прекин, многу брзо ќе влетаат во нова врска во која ќе створат вештачка стабилност и мир само да не се чувствуваат сами. Овие личности, или повеќетео од нив, склони се својата лична вредност да ја темелат на постоење на сигурна и постојана врска.

 

БЛИЗНАЦИ 21.05 21.06

      Припадниците на овој астролошки знак се личности кои ја преферираат слободата и затоа најлесно од сите знаци го поднесува раскинувањето на врската. И колку да зборуваат дека им е тешко, тие поседуваат способност брзо да ги заборават негативните работи кои им се случувале. Многу брзо по раскинувањето ќе се впушти во нови освојувања кои се вистински предизвик и уживање за овие непоправливи шармери.

 

РАК  22.06 22.07

      Тоа се најемотивните знаци во зодијакот кои ја оплакуваат и жалат прекинатата врска многу долго и болно. Кога се распадне врската Раковите чувствуваат како да губат дел од себе зошто многу интензивно се врзуваат за партнерот и се идентификуваат со него. Тоа го доживуваат толку длабоко што може да се одрази на целокупното функционирање на личноста. Свесни за својата ранливост и пречувствителност, Раковите тешко се решаваат на врска, а кога тоа го направат умеат да се осигураат со симпатија која ја држат во резерва. Кога би се случило да бидат напуштени таа е тука да ги утеши во нивната болка. И покрај што важат за многу жаловити личности кои простуваат, постои едно нешто што никогаш не би го опростиле. Тоа е неверството.

 

ЛАВ 23.07 22.08

      Познат како најгорд но и најсуетен претставник на зодијакот, Лавот никогаш нема да покаже колку сте го повредиле во ниту една сфера па ни во љубовта. Да биде оставен е нешто што е тешко замисливо за еден Лав, тоа би значило удар за неговата самодоверба која е на првото место во хиерархијата на вредности. Најтешко се опоравува од удари нанесени во оваа сфера, затоа штом осети дека се ближи кон крај ќе побрза да го остави партнерот само тој да не биде оставен. Ако пак и му се случи да биде изненадно напуштен, тој ќе направи се да го придобие партнерот само за да може покасно тој да го остави. Но сепак не се злопамтила, па лошите искуства не им ја намалуваат вербата во љубовта.

 

ДЕВИЦА 23.08 22.09

      Познати по својата анлитичност и рационалност, припадниците на овој знак не се врзуваат премногу емотивно за луѓето. Сепак, кога ќе решат да стапат во некоја релација, било партнерска или пријателска, тие се врзуваат за луѓето и не сакаат многу промени ниту во љубовта ниту во пријателствата. За Девицата е голема слабост неверството, несталноста или нелојалноста и тие не жалат за загубениот човек колку за личната погрешка или неуспех во процената на личноста. Нивната девиза е добро да се процени личноста, зошто со невредна личност не треба да се губи скапоцено време. Прекините тешко ги поднесуваат зошто ги доживуваат како личен неуспех во својата проценка на личноста со која се зближиле и превидот во предвидување на нивните слабости.

 

ТЕРЕЗИЈА  23.09 - 23.10

      Сакаат хармоничен однос без расправии и конфликти така да кога почувствуваат дека работите побегнале од контрола, дека врската не ги задоволува нејзините високи критериуми, таа сама ја прекинува врската. За овие венерини деца смислата на љубовната врска е во уживањето и благодетите кои таа ги пружа. Припадниците на овој знак се надарени со посебна привлечност и шарм што ги прави неодоливи за спротивниот пол. Свесни за тоа Терезиите се склони кон кокетирање па често се наоѓаат во љубовни искушенија. Затоа тие многу почесто се во позиција да оставаат отколку да бидат оставени, но и да се случи тоа брзо се утешуваат во прегратките на некој кој има да понуди многу повеќе од претходниот.

 

СКОРПИЈА  24.10 - 21.11

      Припадниците на овој астролошки знак се многу мистериозни и таинствени, па тешко е да се процени како се чувствуваат по прекинот на врската. Во суштина тие многу тешко и болно ги поднесуваат прекините. Затоа многу време минуваат во анализирање на својата врска како би ги увиделе можните проблеми кои би можеле да доведат до прекин. Оваа особина би била многу корисна доколку реално се согледаат проблемите и се делува благовремено на нив. Но тука има еден проблем кој не дозволува да се постигне саканата промена, а тоа е фактот што Скорпиите многу ретко ќе ја најдат грешката во себе, а уште поретко би се самообвиниле. Убедувањето дека секогаш е виновна другата страна ги прави невешти во обидите да ја спасат врската после чие прекинување долго патат.

 

СТРЕЛЕЦ  22.11 -  21.12

      Стрелците многу полесно ги поднесуваат прекините одколку што тоа изгледа по нивното однесување. Може да делува дека се депресивни и тажни, но тоа е краткотрајно, а нивната оптимистична природа брзо се насочува кон други извори на задовлства. Тие се храбри и самоуверени, спремни на секаков ризик и нови авантури. Стрелците пред се мислат на личната среќа и уживање, па ретко на кој ќе му дозволат да ги повреди. Но може да се случи и да станат преупорни во настојувањата да обноват стара врска, и да нивната оптимистичка природа гледа надеж таму каде таа реално не постои.

 

ЈАРЕЦ  22.12 - 19.01

      Упорни, истрајни и темелни во се, па и во љубовта, Јарците тешко се одлучуваат на промени. Штом еднаш се одлучат за некоја емотивна врска сметаат на нивна долговечност. Јарците веднаш даваат до знаење дека во нивниот емотивен однос мора да има ред . Врската им се одвива по протокол без емоционални изливи, па големата желба да ја задржат врската не соодветствува на нивното воздржано однесување. Тие се стремат да ја одржат својата врска и имаат голем отпор кон прекинување, затоа се истрајни и упорни. Но ако се случи да бидат оставени многу долго патат, а својата тага ја чуваат во себе и се обидуваат да ја надминат сами, барајќи спас во осаменоста.

 

ВОДОЛИЈА  20.01  - 18.02

      Водолиите обожуваат да привлечат внимание на себе, а игрите на заведување ги возбудуваат и предизвикуваат. Иако се понекогаш ексцентрични и провокативни, тие умеат да ја направат интерсна и возбудлива секоја врска. Либерални се и слободољубиви но само кога станува збор за нив. Кон партнерот имаат сосема спротивни ставови. Една од работите кои не умеат да прифатат е одбивање. Прекинот на врска доаѓа во предвид само кога тие го иницираат. Ако спротивната страна одлучи да ги напушти тие тоа нема лесни да го прифатат, а едно нешто што никогаш не забораваат е неверството.

 

РИБИ   19.02 -  20.03

      Рибите се многу чувствителни и ранливи кога е љубовта во прашање. Умеат да сакаат страсно и целосно да се предадат на партнерот, па ако се случи да бидат напуштени тие неизмерно патат. Губењето на саканата личност го доживуваат како да губат дел од себе си. Потребно им е многу време да прифатат дека се напуштени. После тоа следи долг пероиод на оплакување во друштво на сродна душа која ќе и пружи рамо за плакање. Доколку сте пријател на накоја напуштена Риба ќе ви бидат потребни многу саати во разговори и тешење за пропаднатата љубов. Припадниците на овој астролошки знак се најпогодени од прекинот на врската и најдолго тагуваат по изгубената личност.