Година XV, број 91, Октомври 2008

АКТУЕЛНО


Бројни зафати во Здравствениот дом – Прилеп


МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ И УПРАВНИОТ ОДБОР ГО ПРЕРОДИЈА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ


      ● Само за година и пол преполовени се долговите, реновирана е поранешната амбуланта на Тутунскиот комбинат, вложени се околу 10.000 евра сопствени средства, променета е електричната инсталација стара еден век во зградата на Итна помош, обновени се возниот парк и котларницата, извршено е и хортикултурно уредување на дворот – ни рекоа во разговорот првите луѓе на Здравствениот дом д-р Иван Танески и м-р Зоран Јовески.


 

 

 

 

ДЕЛО НА МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ   ЕКОНОМСКО СТАБИЛИЗИРАЊЕ

      - Ја реновиравме зградата на поранешната здравствена амбуланта на Тутунскиот комбинат за што вложивме околу 10 000 евра сопствени средства, ја преуредивме старата итна по­мош, ја реновиравме котларницата. Сето ова е дело на менаџерскиот тим помогнат од Управниот одбор на Здравствениот дом – ни рече директорот на Здравствениот дом д-р Иван Танески.

 

      М-р Зоран Јовески, заменик на директорот по економски прашања, смета дека Здравс­твениот дом за брзо време економски ќе се стабилизира.

      - Очекуваме санирање на зградата на Здравствениот дом. Проектот е поминат на Влада. Подготвен е и елаборат за санирање на парното греење. Оче­куваме подобри денови за 250 вработени во Здравствениот дом – ни рече м-р Зоран Јовески.

      Тоа што е направено во Здравствениот дом – При­леп во последната една и пол година, не е направено подолг период. Се чувствува огро­мен напредок во намалувањето на долговите, санирана е економската состојба, планирани се и десетина проекти што заед­нички ќе се изведат со Министерството за здравство. Со едн збор – вратена е довербата кон вработените од Здравствениот дом.

      Само за година и пол преполовени се долговите, реновирана е поранешната амбуланта на Тутунскиот комбинат, вло­жени се околу 10.000 евра сопствени средства, променета е електричната инсталација стара еден век во зградата на Итна помош, обновени се возниот парк и котларницата, извр­ше­но е и хортикултурно уредување на дворот – ни рекоа во разговорот првите луѓе на Здравствениот дом д-р Иван Танески и м-р Зоран Јовески.

      Малкумина знаат дека елек­три­чната инсталација до нео­дам­нешното санирање беше ста­ра еден век, дека, поради нејзината застареност секој месец, на име губитоци, се плаќаа по 1000 евра, а за обнова на инсталацијата се потрошени 3000 евра.

      - Ја реновиравме зградата на поранешната здравствена амбуланта на Тутунскиот комбинат за што вложивме околу 10 000 евра сопствени средства, ја преуредивме старата итна по­мош, ја реновиравме котларницата. Сето ова е дело на менаџерскиот тим помогнат од Управниот одбор на Здравствениот дом – ни рече директорот на Здравствениот дом д-р Иван Танески.

      М-р Зоран Јовески, заменик на директорот по економски прашања, смета дека Здравс­твениот дом за брзо време економски ќе се стабилизира.

      - Очекуваме санирање на зградата на Здравствениот дом. Проектот е поминат на Влада. Подготвен е и елаборат за санирање на парното греење. Оче­куваме подобри денови за 250 вработени во Здравствениот дом – ни рече м-р Зоран Јовески.

      Навистина, во Здравствениот дом е видлива ангажираност кај сите вработени. Таа анга­жираност се темели на вербата во подоброто утре, во вербата дека нема безизлезни решенија. Паралелно со сите други активности упорно се работи и на програмата за сузбивање на кариесот – тоа големо зло кај детската популација на што посебно работи началничката на Службата за детска превентивна стоматологија, Јагода Мојсоска. Ваквиот ангажиран однос на сите вработени во Здравствениот дом невозможно е да не донесе резултати – ни рекоа во неодамнешниот разговор д-р Иван Танески, директор и м-р Зоран Јовески, економист и заменик на директорот.